Франција: Сексот со лица помлади од 15 години ќе се смета за силување

Според измените кои Франција ќе ги имплементира во законот, сексуалните односи со лица под 15 години автоматски ќе се сметаат за силување, изјави француската министерка за еднаквост на половите – Марлен Скјап.

Во моментов пропишаната старосна граница за согласност е 15 години, со тоа што за некој случај да се оцени како силување, обвинителството мора да докаже дека малолетната страна не се согласила на однос, т.е. дека била присилена. Со новите измени, меѓутоа, дали имало согласност или не – ќе биде ирелевентно.

Целта на измените е сузбивање на сексуалното насилство, а следат откако маж во своите доцни 20-ти години беше ослободен од обвинението за силување на девојче од 11 години, бидејќи не беа најдени докази дека девојката била приморана на сексуален однос.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка
- Реклама -