Иако чичево има начукано 83 години и е најстариот порно актер во светот, тоа не му пречи, вели, и понатаму без проблеми да снима порно филмови.
Се работи за Шигео Токуда од Јапонија, кој на своето конто има над 200 порно филмови. Најголемиот дел од партнерките на виталниот дедо се далеку помлади од него, дури помлади и од неговите ќерки, ама хеј, што друго очекувавте од јапонско порно?
Чудното во приказната на Токуда, освен неговите години, е тоа што повеќе од половина од животот го поминал како и сите други нормални луѓе. Токуда има завршено факултет, а цели 30 години работел по струка. Порно актер станал дури во својата 59-та година.
Вели дека не му било до парите, туку за да пренесе порака – да им докаже на своите врсници дека и во тие години можат да имаат нормален сексуален живот. Ние па мислевме за девојките му е…
Како и да е, Шигео вели дека работата го исполнува, и дека планира да глуми во уште многу порно филмови во годините што следат… Веројатно за да ја пренесе пораката уште еднаш, и уште еднаш, и уште еднаш…