Ако веќе не можете да прекинете со цигарите, неопходно е барем од време на време, колку што е можно, да ги прочистите белите дробови од никотинот и останатите отрови наталожени во нив.
Рецептов се покажал како многу делотворен во тоа поле. Состојките кои ќе ви бидат потребни се лесно достапни:
• 1 литар вода
• две големи лажици куркума
• 400 грама кафен шеќер
• едно мало парче корен од ѓумбир
• 400 грама лук
Лекот се подготвува многу лесно. Пред сé, во сад сипете ја водата и згответе ја заедно со шеќерот. Потоа додајте ги и останатите наведени состојки, пренесува Sputnik.
Сето тоа фино измешајте го, тргнете го од огнот и оставете го да се олади. Напитокот чувајте го во фрижидер. Добиената смеса земајте ја двапати дневно – по две големи лажици наутро на празен желудник, и навечер пред спиење.