Грозната причина за задолжително да ја исперете новата облека пред носење

Некогаш луѓето препоставуваат дека облеката од продавница може да го прескокне првото перење – тоа пред да ја носите. Да, некој сигурно и претходно ја облекол, ама сигурно не трчал маратон пред да влезе во продавница, и веројатно нема некое сериозно кожно заразно заболување, нели?

Меѓутоа, причината е друга: Вошки. Како што објаснува Доналд Белсито, професор по дерматологија на Универзитетот во Колумбија, облеката директно од полица може многу лесно да е дом на инфекција со вошки, шуга или габи.

Вошките, освен од глава на глава, можат да бидат пренесени и преку облека и други ткаенини, а секој што ја пробал облеката пред вас може да е носител. Иако вошките живеат само ден два без да „ручаат“ крв, тоа е доволно за да предизвикаат проблеми, особено ако се работи за облека која луѓе често ја пробуваат.

Шугата е многу посериозна. Инсектите-паразити се премногу мали за да ги видите, а алергичната реакција која ја предизвикуваат закопувајќи се во вашата кожа за да снесат јајца ќе биде очигледна.

Постојат методи за третирање на инфекцијата и од едните и од другите, но полесно е да ги убиете перејќи ги новите алишта во топла вода. Доброто киснење на облеката може да го отстрани и формалдехидот – честа хемиска состојка која се користи во текстилот за да спречи мувла во случај ако робата се навлажни при транспорт. Формалдехидот исто така може да предизвика алергенски кожни реакции, па со други зборови, најдобро е да ја испрете новата облека и пред воопшто да ја закачите меѓу останатата облека во плакарот, а не па да ја носите.

 

- Реклама -