Пеце Наумовски: Договорот со Чикаго Булс, ми беше на маса!

Прославениот македоснки кошаркар, кој што прв го проби мразот на просечноста во која што некогаш живуркаа нашите таленти, ја отвори душата и призна дека одбил прилика да заигра со Мајкл Џордан.

Во периодот кога играше најдобра кошарка во неговата кариера и кога европските екипи се тепаа за потписот на Пеце, нашиот Национале не сакал да биде само уште едно име во редот во НБА лигата.

Во ексклузивно интервју за basketball.mk, сегашниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, а воедно и најдобар кошаркар кој некогаш сме го имале вели:

„Тоа беше 1996 година додека настапував за Ефес Пилсен и бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник Л’Екип.

Ивица Дукан, тогашен и сегашен скаут за Чикаго Булс за европските простори, мој пријател од времето кога играв во Југопластика, беше во Истанбул и ми понуди директен договор за настап за славната НБА франшиза.“

„Сега можам да ги отворам сите карти во однос на финансиските услови, затоа што помина многу време. Понудата беше идентична со онаа што во тоа време ја имаше Стив Кер, тоа беа зборовите на Дукан.

Ми понудија 750.000 долари бруто, по сезона, од кои што подоцна се одбиваат даноците кои што во САД се многу високи. Не беше тоа минималец, затоа што најмалата плата тогаш беше околу 450.000 долари.“

„Мојот прв одговор беше дека цената е многу мала, затоа што во Ефес заработував тројно повеќе со многу помали давачки. Одговорот од Дукан беше дека тоа е буџетот, Џордан ги „земал“ сите пари, а од она што останало можеле да ми понудат толку.

Во тој момент Чикаго немаше вистински плејмејкер, таа позиција ја покриваа Кер, Пипен и Џордан. Тоа ме натера да кажам „прифаќам“, но под еден услов. Да играм 20 минути загарантирани по натпревар, кога сум физички подготвен.“

Прочитајте ја целата статија на basketball.mk, нема да се покаете …

- Реклама -