Стивен Крафорд од Шкотска воопшто не се срами од својата нова компанија – Date A Doll Services Ltd, која ја отвори таман на време за „најромантичниот ден во годината“.
Стивен има 25 години, а ви овозможува за „само ~96 долари“ да поминете еден жежок час со неговата „прекрасна“ реалистична латекс секс кукла по име Faith.
Знае дека на соседите баш и не им се допаѓа да имаат бордел во комшии, и вели дека имаат целосно право да е така. Но тоа нема да го пишмани. „Сé додека тоа што го правам е легално и нема безбедносни последици, се надевам дека ќе имаат разбирање“.
Стивен го рекламира својот бизнис главно на Craigslist. Фирмата му е легално регистрирана, а тој лично уверува дека со сé се оперира стручно и безбедно. Секој заинтересиран клиент треба само да се јави на огласот, а Стивен ќе организира средба и плаќање. Борделот му работи од 9 до 21 часот, а клиентите треба да покажат лична карта и потпишат кратка изјава.
Досега имал околу 50 заинтересирани, главно мажи над 30 години, а во иднина планира да инвестира и да го прошири бизнисот со секс роботи.
Со законот нема проблем (сега засега). Самиот вели дека многу истражувал околу правната страна на ваков бизнис, и дека сé се сведува на тоа дека тој само изнајмува опрема, ништо повеќе. „Се работи за едноставен заеднички договор меѓу двајца луѓе, во безбедна средина“.
Но мали проблеми сепак има. Банките не му дозволуваат да отвори бизнис сметка, а социјалните мрежи му ги забрануваат рекламите, зашто се косат со правилата за користење, според нив.
Сепак, ништо од ова не спречува одвреме навреме Faith да му донесе понекое стотче. А гледано од поширока перспектива, ова е пример за тоа со што ќе се занимаваат дел од луѓето во блиска иднина.