Во гепекот на Tesla-та на Илон Маск има мртво тело??

Настрана теориите дека Земјата е рамна, дека сé ова со ракетата на SpaceX е фејк и е направено компјутерски, дека Илон Маск е робот… Сега на интернет се шири една многу поверојатна теорија, и директно се однесува на тоа зошто и што всушност има во колата што Маск ja ушлепа на ракетата на SpaceX на пат кон вселената.

Имено, луѓето почнуваат да се будат кон големата можност дека Маск пред носот успеа да ни прошверцува мртво тело и да се извлече со убиство. Се разбира, тоа тело е во Tesla-та што ќе лута во вселената сé до „моментот“ на распаѓање.

Што мислите, што се крие во вселенскиот костум на куклата Starman која седи зад воланот на Tesla-та? Баш така, истакнуваат досетливите корисници на Reddit. Тоа е мртво тело, скриено пред носот на целата светска јавност, и никој никогаш нема да може да го најде лицето кое Илон Маск го убил. Сé додека полицијата не најде тело, тоа лице ќе се води како исчезнато. Совршено убиство.

Имајќи го тоа во предвид, се појавија и шпекулации околу тоа кој може да е жртвата. Некои викаат Џеф Безос (потенцијалниот главен конкурент на Илон Маск во „вселенската трка“, бтв, кога последен пат сте го виделе во јавност?), други шпекулираат дека е Amber Heard (бившата девојка на Илон Маск), трети сметаат дека е Џон Вик – фиктивниот убиец и атентатор кој го глуми Киану Ривс во истоимениот филм.

Прочитајте и:  Илон Маск: „Оптимус“ и „Сајбертрак“ на Марс до 2026 година

Некои шпекулираат и дека можеби се две тела – едно во костумот, а друго во гепекот.

Едно или две, сепак сé мириса на убиство. Ако уште не сте убедени, прашајте се следново: Зошто Tesla-та е темноцрвена?? Па нормално, за да не се гледаат дамките од крвта!

Меѓутоа, не сите се убедени дека се работи за прикривање на криминал. Некои сметаат дека зад целата работа се крие многу по-научно-фантастичен мотив; Имено, дека мистериозниот патник зад ликот на Starman е всушност оригиналниот Илон Маск на пат кон својата родна планета (долго време се шпекулира дека е вонземјанин, затоа што е предобар да биде Земјанин), додека овој сега на Земјата е негов клон.

Како и да е, гарант Илон Маск нешто мути. Овие на Reddit може се заебаваат, ама Илон веројатно не. CSI нека ни се напомош.

- Реклама -