Најубавиот паркинг во светот

паркингТеатарот Мичиген е поранешен театар кој се наоѓа во Детроит, Мичиген, САД, и кој во моментов се користи како покриен паркинг. Театарот бил изграден во 1926 година од страна на Џон Х. Кунски. Изградбата чинела 5 милиони американски долари (околу 60 милиони долари според вредноста на доларот од 2008 година).

Театарот Мичиген е поранешен театар кој се наоѓа во Детроит, Мичиген, САД, и кој во моментов се користи како покриен паркинг. Театарот бил изграден во 1926 година од страна на Џон Х. Кунски. Изградбата чинела 5 милиони американски долари (околу 60 милиони долари според вредноста на доларот од 2008 година).

Лобито како што изгледало во 1927 година и денес
најубавиот паркинг во светот

Театарот имал 4050 седишта, а неговата главна сала била една од најголемите во Мичиген. Во педесетите и шеесетите години на минатиот век дошло до неколку промени на раководствотот. Театарот се користел за повеќе намени, во шеесетите со помош на телевизија биле пренесувани натпревари на Детроит Ред Вингс за оние љубители на хокејот кои не успеале да обезбедат карти за блискиот Стадион Олимпија. Во седумдесетите театарот бил претворен во ноќен клуб и концертна сала во која настапувале рок бендови.

најубавиот паркинг во светот

Откако неколку пати бил затварен и повторно отворен, Театарот Мичиген бил делумно разрушен во 1976 година. Поради структурни проблеми на околните згради, главната сала и лобито на театарот биле уништени и претворени во паркинг простор. Интересно е што овој театар бил изграден на локацијата на малата гаража во која Хенри Форд го создал неговиот прв автомобил (пред изградбата гаражата била преселена, цигла по цигла во Хенри Форд Музејот). Денес, оваа прекрасна градба во стил на француската ренесанса служи само како покриен паркинг.

најубавиот паркинг во светот
најубавиот паркинг во светот
најубавиот паркинг во светот

Паркингот се има појавено во два филмови, „8 милја“ и „Островот“ каде што го претставува Лос Анџелес од иднината. [Michigan Theatre – Buildings of Detroit]

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -