Управата на Формула 1 одлучи од сезонава да ги укине прочуените „грид девојки“ – кои важат за заштитен знак и традиција во Ф1, зашто не биле „во согласност со модерните социјални норми“. Апла е дека одлуката е последица на радикалниот феминизам кој полека ја прелева чашата наречена САД, а не баш полека се излева и во сите пори на остатокот од светот (освен каде што те камшикуваат ако не носиш хиџаб, нели).
Како и да е, грид-девојките веќе ќе ги нема, а промоција на спонзорите, чадори на возачите, табли со нивните имиња, ќе држат деца. Грид-деца.
Според управата на Формула 1, главно ќе се работи за деца кои се натпреваруваат во картинг или јуниорските категории, а ќе бидат бирани според постигнатите резултати во тие натпреварувања.
Во образложението на Ф1 и ФИА (Меѓународната автомобилска федерација) се наведува дека таквата одлука е донесена со цел церемонијата пред трката да биде поинтересна за младите фанови.
„Формула 1 е врвот на мотоспортот и сон на секое младо дете што се натпреварува во јуниорска конкуренција“, рече претседателот на ФИА – Жан Тод.
Во секој случај, фино за децата. А за иронијата што куп девојки кои всушност се гордеат со својата убавина изгубија златна работа (според нив самите) – поради феминизам, ич да не праиме муабет…
Повелете мала галерија од ослободените од опресијата: