Ееее кога ќе се присетиме дека само пред две години сите правевме калкулации, колку време ќе му треба на Новак Ѓоковиќ да го престигне Надал, па после и Федерер за да биде најуспешниот тенисер во историјата на овој спорт. Па богами како му имаше тргнато, да продолжеше со истиот интензитет (што е многу тешко) тоа и ќе се слуеше. Па наредната година зборуваме дека сигурно ќе излезе некое ново дете, дека веќе и ерата на Ѓоковиќ, па и Мареј е на заминување…
Никој не ни помисли дека Федерер ќе се врати на голема врата, дека тоа ново дете е токму тој, со неговите 36 години.
Сега калкулациите се многу полесни… тој во неделата го освои 20 ГС трофеј и сега има дури повеќе од самиот себеси пред една година.
Беше тоа далечниот 22 Септември 1997 кога Роже ги освои првите 12 АТП поени, беше 803 на официјалната АТП ранг листа. Тука, на истиот лист 5 позиции подолу се наоѓаше и уште едно име – Лејтон Хјуит.
Па добро кој би рекол тоагаш дека новото дете во Опен ерата ќе биде младото Швајцарче кое буквално остаре како шампион на тениските терени.
Многумина тениски експерти би рекле, „Па добро, нели е срам за тенисот да ве чешла 36 годишен чичко“ – можеби се во право, не знам.
Ова ми е како да тренирам пинг понг 3 години и сум најбољи у маало и доаѓа татко ми и ме ака 7-0 у партии и ме враќа во реалност, и мене не ми текнува да ја фатам палката никад у живот.
Епа тоа им го направи и Федерер на денешниве клинци.
Епа вака од 1997 до денес поминаа 20 години. Федерер освои 20 ГС турнири што од вкупно 200 одиграни во Опен ерата го прави освојувач на 10% од турнирите.
Низ годините тоа изгледа вака:
Австралиан Опен 6 титули (се израмни со Новак Ѓоковиќ и Рој Емерсон)
Освојувач (Федерер) 2004, 2006, 2007, 2010, 2017, 2018
Ролан Гарос (Надал е кралот со 10 освоени)
Освојувач (Федерер) – 2009
Вимблдон (Главен, со титула повеќе од Сампрас)
Освојувач (Федерер) – 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009, 2012, 2017
УС Опен (5 титули)
Освојувач (Федерер) – 2004, 2005, 2006, 2007, 2008
Толку од калулациите
Големиот Роже Федерер