Нинџи ќе се справуваат со бучните луѓе во лондонска кино сала

Луѓето кои разговараат и/или ги користат своите телефони во текот на филм се здодевни, без оглед во која земја се наоѓате. Но, додека повеќето кино сали не се грижат за оваа појава, едно кино во Лондон решила да го реши проблемот… Со нинџи.

Киното Принц Чарлс ќе вработува „нинџи“ доброволци кои ќе го регулираат однесувањето на луѓето во салата. Терминот „нинџи“ се користи само за реклама – доброволците ќе бидат редари облечени во црни костими – но сепак ова е интересен начин за одржување на тишината во салата.

Нинџите ќе бидат љубители на филмови кои се согласуваат и имаат овластување да ја одржуваат тишината во салата во замена за бесплатен влез. Кога ќе забележат некој што разговара, користи телефон, фрла пуканки, клоца седишта или покажува други знаци на непристојно однесување тие можат вербално да го опоменат.

Една од „жртвите“ на оваа програма, Абдул Стаг, го опишал искуството: „Обично мразам бучни луѓе во кино сали, но само што почна филмот еден пријател ми ѕвонеше па решив да се јавам. Не очекував две целосно црни личности да се појават и да ме предупредат.“

„Прво беше доста страшно, но кога сфатив што се случува ми стана јасно дека ова е одличен начин да ме известат дека им пречам на оние околу мене. Дефинитвно ме убеди да го тргнам телефонот и да уживам во филмот во тишина.“

Ова креативно решение е идеја на основачот на Morphsuits, Грегор Лосон, кој бил заглавен во кино со неколку бучни луѓе. Компанијата од Единбург е позната по создавање на „зенати“ костимите, па тој се запрашал дали тој производ може да биде употребен за решавање на проблемот. [Morphsuits.co.uk]

- Реклама -