Аеродромот веќе нема да се вика „Александар Велики“, и автопатот нема веќе да се вика „Александар Македонски“. Вториов ќе се вика „Пријателство“, а за аеродромот сé уште нема информација.
Ова е најавата на македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката пресконференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Заев рече нагласи дека е време да се најде решение за 25-годишниот спор околу името, но такво што „ќе биде прифатливо за двете страни и ќе ги штити националниот интегритет и дигнитет на двата народи“.