Краток македонски филм: Задгробниот живот

Младиот македонски режисер Марјан Гавриловски го издаде својот краток втор филм и повторно, интернет премиерата на неговото дело се случува на вашиот омилен сајт.

За разлика од неговото првенче, од студентските денови, Гавриловски веќе не се фокусира на синестезијата во македонскиот фолклор, туку навлегува малку подлабоко во филмскиот свет, со една исклучително интригантна и на моменти потресна приказна.

Дали воопшто постои живот по смртта и ако постои, дали местото е онакво какво што сите си го замислуваат? Дали некои патешествија воопшто можат да се завршат? Ако одвоите 8 минути од животот за да го погледнете ова одлично дело, дел од прашањата ќе ви бидат одговорени, но сигурно ќе се соочите и со нови загатки…

- Реклама -