Она кога средовечен „професионален“ фотограф ти прави семејно фото

Сé почнало кога семејството Заринг било контактирано од средовечна жена која себе си се рекламирала како искусен професионален фотограф. Ги однела во популарниот Forest Park во Сент Луис, и им наплатила 250 долари за да им направи семејна фотосесија, како што било договорено.

По 8 месеци во пост-продукција, на семејството Заринг им стигнал пакет, а во него компакт диск со фотографиите. Кога семејството ги видело, се утепало од смеење.

На фотографиите, нивните лица изгледале како нацртани во Paint. Ја контактирале фотографката, а таа се пожалила дека имало премногу сенки (на денот на фотосесијата било прекрасен, сончев ден), а дека нејзиниот професор никогаш не ја научил да ретушира фотографии.

Семејството нема да бара рефундирање на парите. Ги сакаат само оригиналите, а целава работа им е претерано смешна. Велат дека на толку смеење, секоја пара се исплатела. Не сме баш сигурни за ова последново, ама фотографиите дефинитивно ќе се памтат.

 

 

- Реклама -