CV-то на Илон Маск e пократко од твоето

Бараш работа? Треба да напишеш CV? Потполно те разбираме.

Секоја статија што ќе ја прочиташ на интернет има различен совет околу тоа како треба да изгледа професионалната кратка биографија (аka. Curriculum Vitae). Секој што ќе го прашаш исто така ќе има различен совет, а сето тоа на крајот ќе те остави само дополнително збунет/а.

CV не е мала работа – целата поента е во неколку секунди (отприлика толку трошат менаџерите за човечки ресурси пред да одлучат дали да го џитосаат CV-то некаде во неповрат, покажуваат истражувањата) да го убедиш работодавачот дека ти си најсоодветниот работник. Збунет од сите контрадикторни совети, на крајот се решаваш да ја следиш интуицијата – да го направиш CV-то што е можно подолго. Некои дури и ќе те советуваат дека втора страна каде што ќе го опишеш своето работно искуство е задолжителна. Но во реалноста, шансите дека HR менаџерот воопшто ќе ја погледне таа дополнителна страна (или страници) зад првата се минимални. Или еве, да бидеме малку пооптимисти – шансите се мали.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Во пракса, CV од една страна е повеќе од доволно за да ги покажете своите способности, квалификации и искуство. За да демонстрираaт дека тоа е така, од Novoresume направија примерок од работната биографија на Илон Маск. Сите негови животни достигнувања – тоа дека е извршен директор на Tesla Motors, SpaceX и PayPal – сите се собрани на една страна. Видете и сами.

Е па, ако може Маск да има CV на една страна, можете и вие.

 

- Реклама -