10 најлуксузни железнички патувања

Луксузни железнициВозовите се популарен метод за патување, и отсекогаш било лесно да се најдат билети за воз. Но патувањето со луксузен воз е поинакво искуство за кое ќе треба да дадете многу повеќе пари. А ако вашата желба е луксузно патување на шини, тогаш можете да изберете дестинации во повеќе земји во светот. Кога купувате билет за овие возови, не добивате седиште, туку цел вагон за уникатно патување во неверојатен луксуз.

Возовите се популарен метод за патување, и отсекогаш било лесно да се најдат билети за воз. Но патувањето со луксузен воз е поинакво искуство за кое ќе треба да дадете многу повеќе пари. А ако вашата желба е луксузно патување на шини, тогаш можете да изберете дестинации во повеќе земји во светот. Кога купувате билет за овие возови, не добивате седиште, туку цел вагон за уникатно патување во неверојатен луксуз.

Гордоста на Африка
Гордоста на Африка

Патување низ природа кое ја истражува величенственоста, убавината и големината на „Темниот Континент“. Ова е можност да уживате во природата додека патувате помеѓу Кејптаун, Преторија, Кимберли и Кругер Националниот Парк и многу други локации. Самиот воз е оценет како најлуксузен помеѓу луксузните возови.

Источен & Ориентален Експрес
Источен Ориентален Експрес

Оваа линија сообраќа помеѓу Сингапур и Банкок, низ богати и прекрасни тропски шуми. Возот е модерен и ултра удобен.

Ројал Скотсман
Ројал Скотсман

Патувањето со овој воз е најскапото во светот. Четири дена поминати на овој воз чинат повеќе од деветнаесет дневен престој во првата класа на Транс Сибирската железница.

Дунавски Експрес
Дунавски Експрес

Овој воз се нарекува луксузен хотел на тркала и е приватен воз на кој можете да уживате со ваш личен персонал кој ќе ве послужува додека патувате низ Централна Европа.

Транс-Сибирска Железница
Транс-Сибирска Железница

Една од првите луксузни линии во светот, Транс-Сибирската Железница, патува 9656 километри низ Русија и ви овозможува да ја видите големината и убавината на земјата.

Синиот Воз
Синиот Воз

Ова е ексклузивен воз кој носи само по 84 патници на секое патување од Преторија до Кејптаун, и ќе ви ги прикаже некои од најубавите глетки во Африка. Секое купе има свој тоалет, климатицазија, телевизија и собна послуга.

Ориент Експрес
Ориент Експрес

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Овој луксузен воз поврзува неколку градови од Европа, како Венеција, Лондон, Будимпешта, Рим и Прага. Патувањето е шармантно но не е за штедливите, трите дена во кои ќе поминете низ Австрија, Швајцарија и Франција ќе ве чинат повеќе од 2000 евра.

Калифорнија Зефир
Калифорнија Зефир

Овој воз го поврзува Пацификот со регионот на Големите Езера. Голем дел од маршрутата е речиси идентичен со првата линија на трансконтиненталната железница, и на некој начин ви овозможува да го доживеете Златното Доба на патувањето со воз.

Глечерски Експрес
Глечерски Експрес

290 километри исполнети со пејсажи кои ќе ги гледате осум часа бидејќи овој луксузен воз не е многу брз. Линијата ги поврзува Цермат и Сент Мориц на Швајцарските Алпи.

Големиот Јужнопацифички Експрес
Големиот Јужнопацифички Експрес

Линијата помеѓу Сиднеј и Кернс на источниот брег на Австралија била отворена во 1999 година. Патувањето е поделено на два дела со преноќување во Бризбејн. Поубавиот дел од патувањето е оној од Бризбејн до Кернс, во кое е вклучено и патување со хеликоптер до Големиот Корален Гребен каде што ќе поминете еден ден во нуркање.

- Реклама -