Од патувањата со жена ми (не баш разнолика галерија)

Кога патуваш, секогаш е убаво да имаш сопатник. Можеш да го користиш како роб за разноразни услуги кои инаку ти самиот би морал да ги обавиш додека возиш. На пример, да ти отвори шише вода, да се јави на телефон место тебе, да ти смени песна, да зјапа во мапа и да ти навигира…

Reddit корисникот MrMagoo21 нема таква среќа. Тој патува со жена му, а жена му баш и не е некој ефикасен роб (види слика).

Кога била мала многу лесно ѝ се лошело во кола, па мајка ѝ ѝ давала лекови против лошење кои секогаш ја заспивале. Последиците се видливи до ден денес – по сè изгледа таа е потсвесно истренирана да заспива штом тргне колата, се шегува MrMagoo21.

Шега или не, склопил пресмешна галерија од нивните заеднички патувања. Ова ли е тоа што го викаат рамноправност?

- Реклама -