Еве што се случува кога 5 години нема да си ја испереш перницата

Ако некогаш случајно се запрашате што е поентата на перењето на перницата, текстов ќе ви даде идеја.

Жена од Кина која од некоја причина 5 години ја немала испрано перницата, завршила во болница во Wuhan. Докторите ѝ нашле над 100 грини (микропаразити) што ѝ живеат на очните капаци.

Жената се пожалила на црвенило и чешање на очите, кое траело околу 2 години. Рекла дека едноставно се навикнала на таквата состојба, а симптомите ги ублажувала со обични капки од аптека, наместо да оди на офталмолог. До болница стигнала затоа што проблемот толку се влошил, што веќе трепките и очните капаци почнале да ѝ се слепуваат заедно. Тогаш и самата сфатила дека е редно да побара професионална помош.

Како што рековме, докторите откриле над 100 грини кои ѝ живееле на трепките, некогаш и по 10 на едно влакно. Првично мислеле дека се работи за неодржување лична хигиена (немиење на лицето), но по деталното испрашување жената признала дека не ја испрала навлаката од перницата најмалку 4-5 години.

На г-ѓа Ксу (како што е наведена во медиумите) ѝ дијагностицирале блефаритис (воспаление на очните капаци) и конјуктивитис, како и запаление на базата на трепките и на окото.

Според локалните медиуми, по престојот во болница жената се опоравила, но едно е сигурно – помалку ќе ја чинело да ја испере перницата.

 

- Реклама -