Меѓу сето тоа посакувано внимание што дречливите суперавтомобили го привлекуваат по улиците, многу често е вклучено и полициското.
Баш тоа е случајот и во реткава глетка што ни стигнува од Јапонија – возачов на Ламборџини недозволено сврте на лево, а тоа го забележа еден јапонски патролен полицаец.
Патролен = на точак. Резултатот е: 537 коњски сили против двете нозе на јапонски полицаец.
Целото видео:
Коментарите по социјалните мрежи се само цреша на сеирот. Еден вика:
„Човече, да те фати џандар на женски точак каков што возат бабите? Тоа мора да е засрамувачко.“
Друг забележува:
„Навистина е љубезно како полицаецот клекнува за да може да разговара со возачот на исто рамниште“.