Ти се плукнам и у Божиќ и у сé да ти се плукнам…

Баталете ја grumpy cat, имаме уште понамќор куче. Хаскиво се вика Ануко и има постојан израз на „смачено ми е од ова ср*ње“.

Сепак, неговата сопственичка Џасмин вели дека изгледот лаже. „Неговиот израз не е производ на внатрешен намќорски карактер, баш напротив. Тој е многу релаксирано и мило куче кое отсекогаш пројавувало голем ентузијазам за забавните нешта во животот. Никогаш нема ни заржано на некој друг. Едноставно Ануко е релаксирано, мрзеливо, ама кул куче кое го заморуваат моите глупирања“.

Очигледно зборува за новогодишните украси.

Еве и мал восклик на порасположена фаца, ама само на момент:

- Реклама -