Како стјуардесите ве зборат во шифри

Ако мислевте дека само патниците меркаат згодни стјуардеси, а не и обратно – штета, изгледа никогаш не ве меркале… Шега де, не се лутете. 🙂

Како и да е, стјуардесите не можат туку така отворено тоа да го дискутираат меѓу себе. Замислете, стојат во видното поле на патниците и едната ѝ вика на другата: „Леле сестро, пази го оној со таа и таа кошула, во тој и тој ред. Како би го…“. И сите патници да се глуви, знаат да читаат од уста.

Па така, стјуардесите и авионскиот екипаж си имаат свои скриени шифри кога дискутираат за патниците. Џејмс, кој е веќе седма година стјуард, вели дека имаат кодови и за згодните, ама имаат кодови и за тие што не можат да ги смислат (затоа што се напорни, дрски итн). И дека речиси на секој лет екипажот меѓусебно си прави избор на најзгодниот патник/чка.

Па така, тек тук ќе чуете некоја стјуардеса да рече „Размислувам за 7 дена во Америка“. Ако седите на седиште 7А, блазе си ви, за вас размислуваат. Ако пак чуете некој/а да рече дека радо би тркнала на 6 дена до Данска, а вие уште седите на 7А, повеќе среќа следниот пат. Позгоден од вас е патникот на седиште 6D.

Кога не им се допаѓате, пак, често ќе ве откачат со „Ќе се вратам подоцна, господине/госпоѓо“. А кога не сакаат ни да им прозборите, користат и порадикални трикови.

Како што објаснува Џејмс, секогаш кога треба да помине од крај до крај на авионот за да оди да руча или на пауза, некој попат сака да го застане и нешто да го праша или да му побара. Затоа Џејмс става лименка Кока Кола во врзана ќеса и шета така низ авионот како да носи нечија повраќаница. Тогаш никој не го запира, и никој ништо не прашува.

 

- Реклама -