Европскиот и светски првак Шпанија со минимална победа над Грузија (0:1) ги стартуваше квалификациите за СП 2014 во Бразил. „Црвената фурија“ славеше со голот на Солдадо во 87.минута од средбата, а успеа да постави нов рекорд кога е во прашање поседот на топката на еден натпревар.
Шпанците всушност го урнаа својот рекорд, кој претходно изнесуваше 79% од еден меч, подобрувајќи го за уште еден процент на гостувањето во Грузија.
Фудбалските аналитичари се прашуваат дали воопшто е можно еден фудбалски тим да има поголем посед на топката. Тоа што го прават Шпанците е едноставно врвно контролирање на играта во текот на средбата.
Сепак, селекторот Висенте дел Боске не беше задоволен од реализацијата на шансите на своите фудбалери.
„Победивме, но многу лесно можеше да не постигнеме погодок. Требаше многу порано да го отвориме резултатот. Сепак, ова беше прв меч за нас, добро е што тргнавме со триумф и верувам дека на наредните натпревари ќе биде уште подобро“ истакна Дел Боске.