Луѓе што споделиле, а не провериле

Пред некој ден споделивме (ама прво проверивме, согласно насловот) една галерија составена од моментите кога универзумот сам се мести. Еве сега една друга, во која универзумот го мести тој што фотографира, некогаш (читај: често) помогнат и од сопствената невнимателност и глупост на жртвата.

За почеток, еден татко што сака сите да видат со што го направил бебето. Или не…

Дами, напаленковци ве меркаат дури и кога пробувате цвикери.

Е големи јајца ако се гледа нечие колено.

Хмм… Не сме сигурни дали ова следново е грешка, или е намерно.

Кул селфи на кул цурица, нели? Тоа што го гугла на монитор, а се рефлектира во очилата – не е баш.

Ти пицнат за матура, татко ти се шета по гаќи.

Не е баш јасно што прават. Сликата вика едно, сенката друго.

Задникот е огледало на душата… Или така нешто.

Исусе, што правиш со кравата?

Со што уствари сака да се пофали, дека ѝ е издуван носот?

Глупата поза е бонус.

Поише пари ќе соберел ако не ја упропастел белата хартија за принтање.

Мајка споделува снимка од ехо од бебето што го очекува, ама као демек ги нервира пријателите и не им кажува што пол е бебето. Толку го разгледала ехото…

– Хмм, зошто ти е крива вратата?
– Еј, појма неам? Дизајнот, белким.
– …

- Реклама -