Нов вид легнати полицајци

ИлузијаНезадоволни од ефектите на традиционалните легнати полицајци, властите во Западен Ванкувер, Канада, воведоа нов вид „легнат полицаец“, кој всушност е слика од девојче во 2 димензии, која создава илузија на тродимензионална фигура кога возачот ќе се приближи на 30 метри.

Незадоволни од ефектите на традиционалните легнати полицајци, властите во Западен Ванкувер, Канада, воведоа нов вид „легнат полицаец“, кој всушност е слика од девојче во 2 димензии, која создава илузија на тродимензионална фигура кога возачот ќе се приближи на 30 метри.

ИлузијаСликата нацртана на тротоарите покрај едно училиште е експериментален сообраќаен знак кој создава илузија на девојче кое само што не истрчало на улица, кога ќе му се приближите на 30 метри. Доколку возачите возат според пропишаната брзина за таа област (30 км на час), ќе имаат доволно време да закочат пред да стигнат до местото.

Овој дизајн е создаден со две намени. Од една страна, да се намалат оштетувањата на автомобилите од традиционалните „легнати полицајци“, но многу поважно да се зголеми внимателноста на возачите, т.е. тие да бидат свесни дека во секој момент може да им излета дете на улица.

Тие што го критикуваат експерименталниот знак велат дека ова може да создаде негативен ефект, со тоа што по некое време, возачите ќе започнат да ги игнорираат знаците и да поминуваат со полна брзина, што може да резултира со прегазување на некое вистинско дете што може да истрча и да биде помешано со знаците.

Дали сево ова ќе се покаже како правилен потег и дали по некое време ќе стане стандард во целиот свет, останува само времето да покаже.

- Реклама -