Алцхајмер е ужасна болест. Најстрашниот аспект веројатно е нејзината опустошувачка природа, особено гледана и сведочена преку очите на блиските на болниот. Тие што немале такво искуство тешко можат да ги претпостават деталите до кои допира таа деструкција.
Една 34-годишна корисничка на Reddit ја сподели својата приказна – болна од Алцхајмер била мајка ѝ. Приказната е тешка за слушање, но уште потешка за гледање, затоа што ќеркава има фотографии што за жал предобро го илустрираат прогресирањето на болеста.
Преку пример со 14 милјеа што мајка ѝ ги плетела следните две години откако ѝ е дијагностицирана болеста, јасно е прикажано како избледува вештината и способноста кај болниот, дури и кога се работи за неговата омилена активност – во случајов плетењето.
„Почна со квадрати, па потоа со кругови (читај: поедноставна форми), па потоа само мали парчиња, сé додека не стигна до точка кога само ги носеше иглите и волницата во својата торба“, пишува ќерката на Reddit. „Поминаа неколку години откако последен пат прозборува, а уште неколку откако последен успеа да ме препознае“.
Сликиве што ги гледате додека го читате текстов се подредени хронолошки. Ова се последните две сплетени парчиња.