Во Бејрут, Либан, каде што се наоѓа зградата, ја викаат „инат“ и „бесна зграда“ (The Grudge). Со добра причина.
Според локалните жители, се работи за расправија меѓу браќата кои ја наследиле парцелата и не можеле да се договорат што да прават со истата. Едниот бил лут што добил помало парче, а другиов изградил куќа со поглед на океанот. Првиов, наводно немајќи што друго корисно да изгради на својот дел од земјиштето, му изградил „ѕид“ безмалку пред носот, сé со цел да му го блокира погледот и така да ја намали вредноста на неговиот имот.
Изградена е во 1954 година, висока е 14 метри, a потенка од 1 метар. Зафаќа вкупна површина од 100 метри квадратни. Просториите се долги и до 4 метри (иако не изгледа така поради илузијата што ја создаваат прозорите и балконите), но тоа што се тесни ги прави тотално бескорисни за нормално живеење.
Според приказните, во време на Либанската граѓанска војна зградата служела како бордел, а потоа и засолниште за едно семејство.
Моменталните сопственици немаат намера да ја рушат. Што друго би изградиле на нејзино место?