Можеби би можеле да видите некој од овие витражи во ан или хала во земјата создадена од Толкин неколку децении по епските авантури на Фродо Багинс. Уметникот Џијан Гуо ги создал овие прозорци кои го раскажуваат патешествието на Фродо.
Прозорците покажуваат сцени како пристигнувањето на хобитите во Лотлориен и средбата со Глидор Инглорион, како и роденденот на Билбо Багинс, рудниците во Морија и Портата на Аргонат. Засега прозорците се само дигитален дизајн, но дури и никогаш да не бидат употребени како вистински прозорци, дизајните би биле идеални за украсување на книгите. [Jian Guo – LOTR]