Иако има луѓе кои заслужуваат отказ, но има и такви кои воопшто не заслужуваат – но сепак го добиваат. Ако мислите дека вие сте неправдено отпуштени, погледнете ја оваа листа. Можеби нема да се утешите, но сигурни сме дека ќе се зачудите.
Иако има луѓе кои заслужуваат отказ (10 најлоши вработени), но има и такви кои воопшто не заслужуваат – но сепак го добиваат. Ако мислите дека вие сте неправдено отпуштени, погледнете ја оваа листа. Можеби нема да се утешите, но сигурни сме дека ќе се зачудите.
Келнерката која добила отказ откако си ја избричила главата за добротворни цели
Стејси Фиарнал, чиј татко починал од рак, решила да си ја избричи главата за настан на кој се собирале средства за борбата против ракот. Но, кога се вратила на работа во нејзиниот ресторан, каде што работела како келнерка, таа била отпуштена. На Стејси, мајка на 2 деца – ѝ било кажано да си оди дома откако одбила да носи перика. Сопственикот и шефот на ресторанот, Ден Хилиард, бранејќи ја својата постапка кажал дека ресторанот си има одредени стандарди. Како и да е, 36 годишната келнерка собрала 7.200 долари во замена за нејзините локни.
Жената која била отпуштена откако си го сменила својот Facebook статус
Колку пати сте напишале на својот Facebook статус: „Досадно ми е на работа…“? Најверојатно барем еднаш, иако статистички тоа се случува 3.4 пати неделно. Но, дали можете да си замислите некој да биде отпуштен поради тоа? Бидејќи токму тоа ѝ се случило на Кимберли Свон. Нејзиниот шеф го видел статусот „се досадувам на работа“ и одлучил дека таа не е среќна таму и дека „нема да успее“. Прашањето е, што правел шефот на Facebook во текот на работно време? Можеби и тој помалку се досадувал?
Жената која била отпуштена бидејќи праќала мејлови со големи букви
Сметководителка во Оукленд била отпуштена бидејќи праќала „конфротирачки“ мејлови, со црвени зборови и со големи букви. Вики Вокер, која била финансиски контролор во компанијата ProCare Health, подоцна била наградена со 17 илјади долари, како надомест за отказот, но таа имала планови и за понатамошни тужби. Компанијата ѝ кажала на Вики, која работела таму веќе 2 години, дека ја нарушува хармонијата на работното место, со користење на дебели букви, црвен текст и пишување со големи букви. Иако компанијата тврди дека таа пратила голем број на такви мејлови, сепак како доказ искористиле само еден.
Жената која била отпуштена од McDonald’s бидејќи додала парче кашкавал во хамбургер
Келнерка била отпуштена од McDonald’s, откако му продала хамбургер со кашкавал на нејзин колега, кој ја замолил да додаде едно парче. Ресторанот тврди дека со ова, таа од хамбургерот направила чизбургер и дека требала да му го наплати поскапо. На McDonald’s им било наредно да ѝ платат на келнерката 4200 евра за последните 5 месеца од нејзиниот договор, но тие тврдат дека таа ги прекршувала правилата на компанијата – носејќи бесплатни подароци на нејзиното семејство, пријателите и колегите.
Вработениот во Vodafone кој бил отпуштен откако пратил порака од Twitter на T-Mobile
Компаниите започнуваат да го гледаат својот Twitter канал малку посериозно. Еден вработен во Vodafone, Мулер Тамас од Унгарија, беше отпуштен баш поради ова. Сѐ започна кога T-Mobile имаа проблеми со својата мобилна мрежа во Унгарија. T-Mobile имаа проблеми со конектирањето на телефонските повици, па за да ги информира своите корисници, тие решија да користат Twitter. Првата порака гласеше: „Унгарската мрежа на T-Mobile падна, проблемот е во софтверот.“ Потоа уште една, која гласеше: „Ќе има официјално известување за проблемот со мрежата. Ве молиме бидете трпеливи.“ Тамас, член на маркетиншкиот оддел на Vodafone, реши малку да се пошегува и испрати порака на T-Mobile која гласеше: „Ок, дајте ни прстен:)“ Нема потреба да се каже дека на Vodafone ова воопшто не им беше смешно и веднаш дадоа изјава во која се кажува дека Vodafone нема никаква врска со таа порака и дека ќе им биде драго да му помогнат на нивниот конкурент при решавањето на проблемот со мрежата. Тие исто така изјавија дека нивниот вработен се однесувал без дозвола и дека неговото дело било несоодветно.
Келнерот кој бил отпуштен откако го напуштил работното место да спаси киднапирана жртва
Келнерот кој ја напуштил смената за да спаси жена која била нападната од вооружен ограбувач на автомобили, бил отпуштен после херојското дело. 22 годишната девојка била нападната со нож пред ресторанот каде што работел Хуан Каналес. Каналес го забележал ова и тргнал да помогне. Тој го совладал ограбувачот и го држел заробен се додека полицијата не пристигнала. Но, откако Каналес се вратил на работа, неговиот шеф му кажал дека е отпуштен. Девојката која била спасена рекла дека не разбира зашто Каналес е отпуштен, на што менаџерот на ресторанот рекол дека Каналес можеби е херој, но е е добар работник.
Манекенката од 55 кг. која била отпуштена бидејќи била предебела
Филипа Хамилтон била отпуштена од компанијата Ralph Lauren бидејќи била предебела, а всушност таа имала само 55 килограми. Според неа и било кажано дека има зголемена тежина и дека веќе не ја собира во нивните алишта. Компанијата изјави дека таа е отпуштена „како резултат на нејзиното непочитување на обрвските која таа ги имала кон компанијата“. Филипа била изненадена кога си го видела своето тело дигитално променето за една колекција. Таа работела за компанијата од 2002 и ја сметала како второ нејзино смејство – сѐ додека не решија да ја отпуштат.
Судијката која беше отпуштена откако праќала смс за време на сослушување
Понекогаш праќањето смс пораки може да биде сериозен проблем. И понекогаш, не само тинејџерите се оние со немирни прсти. Таков е случајот со Даниел Грегори, која ја изгуби работата поради праќање пораки за време на сослушување во судницата. Со пораката, таа испратила и 3 нејзини слики на нејзин пријател. Супервизорот на Грегори, во својот дисциплинарен извештај, напишал дека таа испратила повеќе смс пораки за време на процесот.
Кошаркарскиот тренер кој победил со резултат 100 – 0 и не се извинил за победата
Тренерот Мика Гримс, чиј женски тим победи со 100 – 0, бил отпуштен бидејќи не се извинил за победата. Тој бил обвинет дека „дозволил играта да отиде надвор од контрола“. Но, тој изјавил во весник дека не се согласува со политиката на училиштето на женскиот тим и дека тие не треба да се извинуваат, ниту пак да се чуствуваат засрамени.
Учителката која добила отказ бидејќи не ја пеела заклетвата
Венди Гохавер ја изгуби својата работа како учителка еден ден кога одбила со нејзиниот клас да ја пее заклетвата, во која се колне дека ќе ја „брани“ територијата на САД и Калифорнија од „сите непријатели, странски и домашни“. Како роден пацифист, Гохавер се противела на заклетвата бидејќи според неа таа ѝ ги скратувала правата на слободен говор и религиозните права. Како алтернатива ѝ било понудено да ја потпише заклетвата ако ја сака работата. Таа одбила, со што и си го заслужи местото на оваа листа.
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
cookielawinfo-checkbox-analytics
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional
11 months
The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy
11 months
The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.