Во текот на неодамнешниот земјотрес во Јапонија безбедносната камера во едно породилиште забележа неверојатна ситуација. Кога почна земјотресот, количката на кои беа сместени бебињата почна да се поместува во собата, а постоеше голема опасност таа да се преврти заедно со нив.Поради тоа, дежурните медицински сестри што биле на работното место веднаш реагирале и со сите сили се обиделе да задржат што е можно поголем број колички со бебиња за ниедно од нив да не биде повредено.
За среќа, ниедно бебе во земјотресот не беше повредено и сѐ заврши како што треба.