Може ли желбата за секс да се претвори во болест?

Како и сè друго во животот, така и сексот може да стане зависност. Тоа на прв поглед звучи добро, но може да биде опасно за луѓето, бидејќи за оваа интимност се потребни двајца.

И ако вториот не е на располагање и нема ист интензитет на желба како „заболениот“, таа потреба може да бара и примена на сила поради задоволство. Сексуалната зависност го тера човекот да биде опседнат со мисли за секс и да чувствува постојана потреба да го практикува, бидејќи кај него се јавува незадоволена глад за него.

Човекот фантазира постојано за слични искуства и сè друго за него губи значење и смисла. Постојат различни нивоа на зависност, како и при секоја друга зависност. Понекогаш зависникот од секс дури не чувствува задоволство од она што се случува, а го прави тоа како некоја фикс идеја.

Прочитајте и:  Дали сакате да го намалите внесот на кофеин? Обидете се со овие мали промени

Друг пат за да не се досадува, постојано го тера партнерот да влезат во чудни улоги. Желбата за секс е убава и здрава, но кога е во нормални граници. За секој човек тие се различни, но има некои прифатени димензии, кои ако се преминат, треба да се запали црвената сијаличка во главата.

Знаци за сексуална зависност:

  • Ако го користите константно сексот за да се ослободите од негативните емоции;
  • Ако вашата работа или обврски во животот систематски страдаат од вашата сексуална обземеност;
  • Ако чувствувате постојана незадоволеност и чувствувате дека силно го оптоварувате партнерот со вашата желба за секс;
  • Ако секој втор ваш збор и мисла е поврзана со сексот, а однесувањето е надвор од нивото на либидото и годишните времиња.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -