Американски воен авион се урна кај Јапонија

Американски воен авион со 11 патници и членови на екипажот се урнал во Јапонското Море во близина на Окинава.

Според спасувачките служби на САД и Јапонија, спасени се осум лица, а по другите се трага. Како причини за уривањето се наведуваат проблеми со работата на моторите на авионот.

Овој авион бил дел од носачот „Роналд Реган“ кој учествува во заедничка воена вежба со поморските сили на Јапонија.

- Реклама -