Меј: Русија замешана и во британските избори

Британската премиерка Тереза Меј тврди дека Москва е замешана и во изборите во Велика Британија и дека вршеле сајбер-шпионажа.

Таа изјавила дека Путин постојано се обидува разорно да делува врз слободните општества и дека Русија сака со лажни вести да предизвика конфликт на Западот.

Британските медиуми коментираат дека ваквите наводи на британската премиерка се во голема спротивност со оние на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој минатата недела изјави дека му верува на својот руски колега, Владимир Путин, кој повторно истакна дека Русија не се мешала во претседателските избори во САД, минатата година.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -