Адидас ја претстави најчеканата топка

Спортскиот гигант Adidas ја претстави официјалната топка со која ќе се игра на Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија.

Дизајнот на Телстар 18 (така е наречена) оддава почит на култната класична топка со која се играле натпреварите уште на Светското првенство во 1970 година, се наведува во соопштението на официјалниот сајт на ФИФА.

Лионел Меси одобри. Тој ја претстави топката и рече дека  му се допаѓа сè на неа: „новиот дизајн, боите, сето тоа“.

Топката е црно-бело, а парчињата кожа се со нестандардна форма. Дизајнерите на Adidas соопштија дека вклучува и специјална технологија за микрочипови која овозможува следење и анализирање на брзината и траекторијата на топката.

Светското првенство во Русија во 2018 година ќе се одржи од 14-ти јуни до 15-ти јули. Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови.

- Реклама -