Тимот на документарецот Blue Planet II заронил на длабочина од 700 метри за да сними како ајкулите се хранат од мртвото тело на кит потонато на дното. Проблемот е што кога има многу ајкули што се натпреваруваат за храната, стануваат премногу компетитивни и почнуваат да се борат и меѓусебно. Во случајов, подморницата исто така им се видела како конкуренција.
Звучните ефекти се бетер претерани и од Холивуд, ама простете им, зашто снименото е извонредно.