Земји како Јапонија, Италија и Грција често користат бидеа за да си ја исперат „позадината“. Од друга страна, Британија, САД, Австралија и други, типично се потпираат на тоалетна хартија, исто како и една друга што вам ви е позната (почнува на „М“).
Е па, овие вториве прават грешка, велат експертите. Тоалетната хартија не само што не ни ги чисти задниците како што треба, туку може да предизвика и загрижувачки здравствени проблеми.
„Им се чудам на милионите луѓе што шетаат наоколу со валкани ануси и мислат дека се чисти“, вели Роуз Џорџ – авторка на книга за човечки фецес и неговото значење. „Тоалетната хартија го поместува гомното, но не го отстранува“.
И Вил Смит е за алтернатива. Во едно интервју, рече дека користењето на влажни марамици е „специјално“ и „извонредно“.
Или што ќе рече раперот Вил Ај Ем (will.i.am), кој лично преферира влажни марамици, пробајте да размачкате чоколаден крем по дрвен под и потоа да го избришете со сува крпа. Не можете. Делови од чоколадото ќе останат во вдлабнатините и пукнатините…
Актерот Terrence Howard е уште порадикален во ставот. Вели дека не им верува на жените кои користат сува тоалетна хартија. „Ако се бришат со сува хартија, значи дека не се перат како што треба. Тоа е едноставно нечиста навика. Кога ќе дојдам кај некоја жена и ќе забележам дека има само сува хартија, обично секогаш ја предупредувам на тоа“…
… Океј, Хауард, фала што нé внесе во незгоден момент. Ќе пробаме да ја ублажиме (да не речеме „чоколадираме“) ситуацијава со рекламава.
https://youtu.be/zAgK8OzsYDw
Но, како што рековме, хигиената не е единствената причина за замена на тоалетната со други алтернативи. Агресивното бришење, велат експертите, може да предизвика болни анални рани (фисури) на кои можат да им требаат и до 12 недели да се залечат, а може да предизвика дури и хемороиди.
А при бришење од назад кон напред – при што се носат бактерии од анусот кон предниот дел на телото, се јавува и друга опасност – уринарна инфекција. Со алтернативите – како биде или влажни марамици, бактериите се убиваат или се измиваат, па шансите за инфекција драстично се намалуваат.
Ете, не дека не знаевте, ама да ве потсетиме.