Pagani Zonda од 1.9 милиони долари смачкан во банкина

Не се гледа секој ден исклучително редок суперавтомобил од 1.9 милиони фунти вака смачкан. Ама баш тоа беше сликата на автопатот A27 во Западен Сасекс, Велика Британија, во саботата утрината.

Pagani Zonda-та, кој развива максимална брзина од 350 км/ч, претрпел „сериозни оштетувања“ откако удрил во заштитната ограда. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, таму немало друг автомобил.

Возилото било дел од група суперавтомобили кои се движеле по автопатот нешто по 7.30 часот по локално време. Полицијата не открива кој го возел (само дека возачот не е повреден), но сопственик на Zonda-та е Питер Сајвел – менаџмент директор на производителот на авиоделови – Saywell International. Сајвел бил спонзор на хуманитарна трка во блиското градче Goodwood, закажана токму за тој ден.

Најинтересното, сепак, е што според сознанијата на неколку авто блогови, ова исто Pagani (лесно е да се следи зашто е редок модел) и претходно има доживеано несреќа. Пред неколку години Сајвел го има поправано, а потоа и го модификувал до денешната состојба. До состојбата пред да удри во банкината, де.

 

- Реклама -