Никол „Снуки“ Полици го претстави својот син Лоренцо Доминик во новото издание на People.
„Ова е поинаков вид на љубов кој не сум го почувствувала претходно“ изјави Снуки за магазинот. Енцо, како што го викаат неговите родители, го доби името по еден од пријателите на неговиот татко. „Не можевме да се решиме помеѓу неколку имиња и мене ми текна на Лоренцо“ рекол Џиони Лавале, свршеникот на Снук. „Нејзе ѝ се допадна.“
Средното име е во чест на чичкото на Снуки, Доминик, кој умрел кусо пред раѓањето на бебето. „Доминик го одбрав заради татко ми.“ Сега откако има многу работа со својот син Снуки нема да се забавува многу.
„Забавувањето заврши“ инсистира Снуки која во моментов ја снима втората сезона од нејзиното шоу “Snooki & JWoww” (шестата и последна сезона на “Jersey Shore” почнува на 4 октомври). Снуки инсистира: „Јас сум нова личност“.
Во меѓувреме, некој успеа да направи фотографија на Енцо набрзо откако дознал дека Снуки му е мајка.