Кој би рекол, нели, ама видео игрите со возење се многу позабавни кога ги играш со волан отколку на тастатура. Арно ама, добар гејмерски волан чини доста пари, особено за наши услови.
Утешно е што многу од игрите нудат опција да возиш, поточно да го контролираш виртуелниот волан на возилото со маусот. Не дека има нешто забавно во тоа да вртиш со маус (иако некогаш е подобро од тастатура), ама доброто е тоа што можеш да склопиш импровизиран волан, како овој подоле. Уште па ако си татко/мајка и го направиш ова за детето, автоматски си му херој во наредните неколку години, многу повеќе отколку да му купиш волан од продавница.