Одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Коло Туре, би можел во последен момент да се пресели во Турција и да го облече дресот на Галатасарај.
На овој трансфер инсистира тренерот на турскиот клуб, Фатих Терим, а раководството на Галата е подготвено да одвои 12 милиони евра за да го доведе во своите редови.
Коло Туре одамна го загуби стандардниот првотимски статус во Манчестер Сити, а тешко дека ќе може да добие солидна минутажа покрај капитенот на тимот, Винсент Компани, како и Џолеан Лескот. Токму затоа, би можел да се согласи на трансфер во Галатасарај.
„Потребен ни е уште еден дефанзивец и сакаме да го доведеме Коло Туре. Тој е одличен играч, а ако е потребно, ќе го употребиме и Емануел Ебуе во преговорите“, истакна Фатих Терим.
Претходно, Галатасарај го ангажира и дефанзивецот на Лион, Бразилецот Крис. Емануел Ебуе и Коло Туре беа соиграчи во тимот на Арсенал и сè уште имаат одлични меѓусебни релации, па и тоа може да биде една од причините Туре да се пресели во Турција.