Според севернокорејската пропаганда, Американците се крвожедни империјалисти кои обожаваат да вршат тортура и да убиваат Корејци. Севернокорејската влада е до лакти засукана во тоа да ги потретира САД како агресивен окупатор со желба во секој момент брутално да го убие секој маж, жена и дете во Северна Кореја. Со еден збор, претставени се како манијакални убијци, што секако е претерано, дури и за Американците.
Тоа не значи дека Северна Кореја нема причина за страв или за омраза кон САД. Откако Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја во 1950-та, Американците врз нив фрлија околу 635.000 тони експлозив, вклучително и околу 32.000 тони напалм, за само три години. Тоа е повеќе отколку во целата војна на Пацификот против Јапонците во Втората светска војна.
Тогашниот лидер на нацијата – Ким Ил-сунг, брзо сфати дека стравот од американската огнена моќ станува важен фактор во животот на неговите граѓани. Наместо да дозволи тој страв да го парализира животот на Севернокорејците, Ким реши да го употреби како пропаганда против САД и алатка што ќе го зацврсти неговиот режим. Неговата власт создаде претстава според која Американците едвај чекаат да го спроведат геноцидот врз севернокорејскиот народ. Стравот од таквиот непријател го воздигна Ким како единствениот човек способен да ја одбрани Северна Кореја од заканата по нивното постоење, притоа задушувајќи го сето незадоволство меѓу неговите сопствени редови. Од друга страна, ги намали и шансите дека некои од Севернокорејците ќе соработуваат или ќе им се предадат на американските сили.
Откако во 1953-та севернокорејските сили беа избркани назад во својата земја и Американците во голема мера се повлекоа од Корејскиот полуостров, Ким продолжи со својата пропаганда против САД за да го одржи стравот меѓу населението, овој пат со единствена цел да го злоупотреби. За да го продлабочи овој страв, севернокорејската влада го создаде Музејот на американски злосторства во Синчон, во кој е претставен наводниот масакр врз севернокорејскиот народ од страна на американските воени сили.
Иако нема докази што потврдуваат такви воени криминали спроведени од Американците во областа, династијата Ким продолжува со истата мантра до ден денес. Еве дел од сликите/муралите во музејот, како и од останатата пропаганда.