Сакал да има иста тетоважа со кучето

Крис Мендиола многу си го сака кучето. Но неговото куче има тетоважа за која Крис претпоставувал дека е од претходниот сопственик.

„Мразам луѓе што си ги тетовираат милениците“, вели тој, но сепак, сакал да се знае кој му е најдобар пријател на неговиот најдобар пријател (кучето, нели), па отишол да си стави иста таква тетоважа.

Кога сé било готово, Крис, така задоволен и спремен да лапа лајкови по интернет, објавил слика од неговата и тетоважата на Bear (така се вика кучето). Сé било супер додека еден пријател-ветеринар не му пишал дека така ги означуваат кучињата што се кастрирани…

Туше.

 

- Реклама -