Audi и BMW влегуваат официјално во Formula E

Само во рок од една недела германските автомобилски производители Audi и BMW потврдија дека се вклучуваат во светскиот шампионат за електрични болиди Formula E, со сопствени фабрички тимови.

Нивната одлука беше очекувана, бидејки на оваа тема се зборува подолго. Од Audi дури и задоцнија малку, но компанијата, сепак објави дека го купува тимот на Abt во Formula E, за кој вози претендентот за светската титула, Лукас ди Граси. По повлекувањето на VW од WRC и на Audi од светскиот шампионат за издржливост и 24 часа Ле Ман, Formula E, остана единствениот светски шампионат, во кој Германците учествуваат. Досега Audi беше само технички партнер на Abt Schaeffler, но од почетокот на следната сезона, од оваа есен, компанијата ќе учествува како конструктор со свој фабрички тим.

Доста поинтересни се настаните врзани за BMW. Баварците се технолошки партнер на Andretti – тимот на Мајкл Андрети. Сега BMW ќе го зајакне учеството и од следната година ќе дебитира со развиен само за оваа цел од компанијата систем за погон на електричните болиди на тимот.

Се претпоставува дека во скоро време ќе има и вести за доаѓањето во шампионатот на Mercedes и Ferrari. Светските шампиони во Formula 1 веќе си обезбедија место во шампионатот за петтата сезона (2018-2019), а Италијанците на неколку пати посочија дека се заинтересирани за учество во Formula E, за да не останат единствените отсутни од најголемите на оваа сцена.

Автоплус

- Реклама -