Вештачката интелигенција ги револуционеризира секс-роботите

Ако секс-куклите на надувување имаа трошка мислечко ткиво во главата, сега ќе се плашеа дека доаѓањето на секс-роботите целосно ќе го лиши од смисла нивното постоење. Хмм, вака кога го пишавме, сфативме дека истото важи и за луѓето… Како и да е.

Вештачката интелигенција непречено си го пробива патот на глобалниот секс пазар, револуционеризирајќи го дизајнот на роботската „sextech“ така што да овозможува сексуална исполнетост со речиси човечки допир.

Во извештајот посветен на зголемениот раст на пазарот за секс-роботи, Фондацијата за разумна роботика (Foundation for Responsible Robotics) наведува дека технологијата напредува со брзо темпо и веќе доведе до создавање на „андроидни секс-кукли“ кои се способни за 50 автоматизирани сексуални пози. Овие андроиди можат да се модификуваат и до најмал детал, од брадавица па до пубично влакно. Можат да чинат меѓу 5 и 15 илјади долари.

Роботите со сé почовечки лик покреваат комплексни прашања кои мораат да бидат земени во предвид од законодавците и јавноста, вели извештајот, вклучително и тоа дали употребата на такви направи треба да биде воведена и во клиниките за сексуална терапија, кај сексуалните прекршители, или кај луѓето со хендикеп.

Ноел Шарки – професор по вештачка интелигенција и роботика на Британскиот универзитет во Шефилд, вели дека е тешко да се предвиди колку далеку и колку брзо ќе порасне пазарот, или пак ефектите што може да ги има врз општеството во годините што следат.

Прочитајте и:  Јаневска: Вештачката интелигенција повеќе не е футуристички концепт, етапно ќе се воведува во наставните програми

„Ќе бидат ли роботските кукли само сервис по кој ќе посегнат мал број луѓе? Или сериозно ќе ги променат општествените норми и ќе станат масовно раширени?“, прашува тој. „Како еден секс-робот ќе ја замени вистинската човечка интимна врска?“.

Извештајот начнува некои од најконтроверзните прашања, прашувајќи ги академиците, јавноста и секс индустријата за нивните гледишта, меѓу другото и на полето дали ќе бидат од помош во намалување на сексуалниот криминал. Ова прашање предизвика „големо несогласување“. Некои аргументираат дека сексот со робот ќе помогне да се намали желбата на напаѓачите да повредуваат други луѓе. Другите го тврдат обратното – дека самото тоа што на овие луѓе ќе им се дозволи да ги оживеат нивните најтемни фантазии со роботите, ќе предизвика домино ефект на промени и врз општествените норми.

Што се однесува до проблемот околу „вистинските“ и „исполнувачки“ врски, извештајот вели дека со моменталната технологија на вештачката интелигенција, дури и во подалечна иднина, ниту една човек-кон-робот емоција нема да биде взаемна. „Најдоброто што роботите го можат е да глумат/лажираат… Роботите не можат да чувствуваат љубов“, стои во заклучокот.

- Реклама -