Спајалица Prada за 185 долари…

Модната куќа Prada продава држач за пари. Направен е од сребро и на него има изгравирано „Prada“.

Држачот кошта 185 долари. Делува едноставно, но всушност е генијално дизајнерско решение.

Зошто? Затоа што со обична спајалица не можете да „држите“ такви суми, како на пример 186 долари. Ќе се подрашири. Ќе ги стегне парите. Ќе им остави траги од спајалица (а никој не сака такви).

Но со држачот на Prada, кој по димензии е нешто поголем од обичната спајалица, тој проблем го немате. Пазете што е финтата: Им давате 185 долари на Prada. Останатиот долар го ставате во држачот. Та-даа!!! Ни згужван, ни бутур. Спремен за користење во секое време. Убаво рекле, „колку пари – толку музика“.

 

- Реклама -