Made in Кина: Надвозник на пет нивоа

Во кинеската провинција Сечуан, завршува изградбата на најголемиот и најсложен сообраќаен јазол во светот. Тој се прави од 2009 година, па наваму и ќе биде пуштен во употреба догодина откако ќе заврши дестинацијата на автопатот до локалниот аеродром.

Според изданието People’s Daily Online, независно од целата комплексност на патниот објект, кои се состои од дваесет водечки, во осум пренсаочени насоки, естакади, властите на градот Чонгкинг се убедени дека возачите нема да имаат проблеми со изборот на потребниот правец. Дури и ако ја пропуштат својата посакувана насока, со девијација возачите ќе можат да го променат правецот на движење, па по поминати само 500 метри повторно ќе возат кон својата цел. Според властите, сите тестирани на патниот јазол навигациски системи, работат коректно и ги прикажуваат точно сите правци.

Автоплус

- Реклама -