Како дел од подготовките за меѓународната Парада на гордоста, Мадрид воведе „инклузивни“ семафори кои „го одразуваат почитувањето на половата рамноправност и правата на хомосексуалците“.
Покрај стандардните фигури на семафорите, сега можат да се видат и фигури на истополови парови, кои исто како и двополовите се држат за рака.
Градските власти во Мадрид велат дека овие знаци се важни поради својот визуелен импакт, и дека служат за промоција на половата еднаквост и правата на хомосексуалците. Поставувањето на истите чинеше 22.000 евра и заменети се вкупно 288 семафори на 72 пешачки премини.
Како што рековме, во Мадрид од 23 јуни ќе почне меѓународниот фестивал World Pride. Фестивалот ќе трае до 2 јули. Семафорите ќе останат.
Патем, нам лично, ова на горната слика ни личи на две ученички што одат накај школо. Ова доле ни личи на внук што го пренесува дедо му преку улица за рака. Изгледа толку од импактот…
Можеби Мадрид и сличните треба повеќе да се потрудат и да се позанимаваат со решавање на вистинските проблеми – било да се општи, на ЛГБТ заедницата, или на било кои други малцинства или групи, а не со досаѓање со сликички на нешто што примарна улога му е да свети црвено или зелено.