Истражувањата покажуваат дека поминуваме барем 18 месеци во животот чекајќи во редови. На нашиве простори, можеби и повеќе.
Притоа, се чини дека често ја донесуваме погрешната одлука за тоа во кој ред да застанеме. Таков е и законот на Марфи: во кој ред и да застанеш, тој ќе биде најбавниот. Баш во твојот ред ќе се погоди касиерката да нема ситно, службеничката да мора да го напушти шалтерот, или клиентот да ги побара најсложените услуги. Дури и статистичарите од универзитетот во Сасекс го потврдија тоа. Тие дојдоа до посебна формула, која исто така го сугерира неминовниот заклучок – дека и најкраткиот ред знае да се претвори во најбавен.
Во суштина нема правила, бидејќи во чекањето во ред се вклучени премногу варијабилни фактори – од бавноста на клиентите (особено бројот на баби, да бидеме искрени), до брзината на службениците.
Сепак, според статистичарите од Сасекс, има пар трикови што би требало да важат во поголем број од случаите. Еден е дека кога има повеќе редови, најдобро е да чекате во левите. Логиката е дека повеќето луѓе се деснораки и автоматски бираат редови од десната страна, додека левата е порастеретена. Друг е дека женисе се покажале дека се побрзи во ваквите работи отколку мажите, па редовите кај женските службенички би требало да се подобриот избор. Исто така, кога се повеќе редови, најдобро е да го одберете редот број 2, макар и да изгледа најдолг.
Сепак, најсигурни резултати се добиваат со добра проценка на тие пред вас. Не ги избегнувајте оние со полни колички во маркет (некогаш купуваат само во поголем квантитет, а помалку различни продукти од останатите) или тие со повеќе сметки за плаќање во банка. Тоа може да значи дека се испраксирани и дека сето тоа за нив е сведено на рутина, па често се побрзи од купувачите со полупразни корпи или една сметка за плаќање.