Зошто секогаш ни се криви другите?

Има добра причина што луѓето знаат да се тврдоглави дури и кога се соочени со убедливи докази дека не се во право. Под „добра“ мислиме на логична. Најчестата реакција во таква ситуација е да си го затвориме умот и да одбиваме да признаеме. Психолозите ја нарекуваат „когнитивна дисонанца“.

Тоа е состојба при која истовремено „чуваме“ две контрадикторни мисли, што како резултат предизвикува прилично голем стрес. На пример, кога нешто некому ќе му згрешиме, но ќе ја отфрлиме вината префрлувајќи му ја на другиот.

Керол Таврис – коавтор на книгата „Mistakes Were Made (But Not by Me)“, објаснува вака:

Когнитивна дисонанца е тоа што го чувствуваме кога концептот за самите себе  – „јас сум паметен, јас сум љубезен, убеден сум дека мојот став е правилен, дека моето верување е вистина“ – е под закана од докази кои ни даваат до знаење дека сме направиле нешто што не е паметно, нешто што повредило некој друг, или дека нашето верување се коси со вистината.

Во суштина, луѓето преферираат и се понаклонети да ги изменат настаните, отколку перцепцијата за себеси.

„Дисонанцата е неудобна и ние сме мотивирани да ја намалиме“, продолжува Таврис. Taa цитира и една студија објавена во European Journal of Social Psychology во 2012-та, која јасно ја демонстрираше човековата нежелба за извинување. Според студијата, луѓето не сакаат да се извинуваат, бидејќи кога не се извинуваат, тоа ги прави да се чувствуваат супериорни и не им ја повредува самопочитта.

А колку е извинувањето важно, се надеваме дека нема потреба да објаснуваме.

- Реклама -