Ние тука си се бавиме со поовоземски проблеми во школството, било да се работи за основни училишта без доволно нафта за парно за во зима, или студентски домови без човечки услови. Низ светот е нешто подобро. Да видиме.
1. Вендинг машина со школски прибор во рамките на школото
2. Соба за дремење кога имаш луфта меѓу часови/предавања
3. Врата со окце кое гледа кон внатре, за да видиш дали влегол наставникот и да не го прекинуваш часот
4. Лизгалки место скали на техничкиот универзитет во Минхен. Кога подобро ќе размислиш, не само што е забавно, туку те учи на „out of the box“ поефикасни решенија.
5. Кампус со теретана и библиотека во едно.
6. Неколку влегувања и излегувања во ваква училница по математика, и цел живот ќе знаеш од око да мериш агли.
7. „Тишинометар“ во библиотека
8. Дигитрон за секој студент. Залепени се за даски за да не си ги заборават во џеб и да ги однесат дома (ај да не речеме, да не ги крадат).
9. Фармацевтски факултет со своја аптека, за да вежбаат студентите.
10. Амфитеатар што ги третира студентите како (вечно ненаспани и зависни од кафе, а понекогаш и жедни) луѓе
11. Ако одиш во школо со скејтборд не си автоматски наркоман. И никој нема да ти го украде.
12. Детско школо со тобоган.
13. Пак. Човек да не поверува дека некој всушност го цени времето на учениците и не сака да ги приморува да потрошат 3 минути од 5-минутниот одмор додека стигнат преку ходниците до излезната врата. Вака, од училница директно во дворот.
14. Школски двор со клупи на соларна енергија и портови за полнење на електронски уреди.
15. Монтирана хевталица пред предавална. За да не мораш да трчаш до најблиската книжара/фотокопир кога треба да захевташ два листа.
16. Држте се јако. Станица со сите потребни алати за поправка на точак! Ех…
17. Интернет и штекер за секој ученик.
18. На секоја клупа во училницава по хемија има полу-тач екран.
19. Ѕидови што СЕ табла за маркер.
20. Пак соларни клупи во двор
21. Детска градинка изградена околу дрво
Во продолжение уште неколку поситни „гестови“ што го прават школството позабавно и поефикасно. Овие можеби и можеме да си ги дозволиме.
22. Школски ходник и шкафчиња обоени како корици од книги. Оди па нека не ти причита.
23. Во училницата по информатика, тапацир на столиците со кецови и нули. Им се може.
24. Или ќе научиш хемија, или ќе научиш хемија.
25. Исто и множење.
26. Па и нешто повеќе од множење