Фала ти и тебе, мајсторе! (Ама те планираме и за финале)

Натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид беа последните 90 и кусур минути во етерот на нашиот легендарен Златко Калински.

И очекувано, тоа не можеше да помине без многу емоција:

… Од двете страни:

Но не остана сé ова само на зборови. Ви текнува она „тоа му беа последните 90 и кусур минути во етерот“ од погоре? Не мора да е така. Фановите оправдано сметаат дека Калински заслужува подобар крај од само полуфинале, па покренаа петиција до МРТВ за Калински да го коментира и финалето во ЛШ меѓу Реал и Јувентус.

Гласи вака:

„Мора да се отиде во пензија, ама мора и тоа да се направи на најдобар можен начин.

Има ли подобар начин за одење во пензија, по 42 години рецитирање поезија, од тоа со својата верна публика да се поздравиш со длабок поклон од највисокото место на пиедесталот, од најголемиот спортски настан во годината, финалето на Лигата на шампионите?

Пред да се закотви во мирните пензионерски денови, најдобриот морнар мора да се соочи со најголемиот предизвик, со бурата од емоции која можат да ја направат само двата страстни клуба од медитеранот, великаните Јувентус и Реал Мадрид.

Фудбалот не е само спорт, тој е и љубов, и поезија, и живот, и тој мора да ја задржи оваа своја романтичност. Затоа, најголемиот романтичар во македонското спортско новинарство мора да се врати на бис и уште еднаш да не закове сите нас за фотелјите и да ни одржи уште еден поздравен говор.

Финалето на лигата на шампионите мора да биде со Калински!“

Потпишете ја ТУКА.

Постот со коментарите ќе го најдете ТУКА.

- Реклама -